ДОБРЕДОЈДОВТЕ

На 11.2.2011 година е основано Друштвото за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ
Природниот гас претставува значаен енергетски извор и хемиска суровина кој …
Правилник за начин и услови за регулирање на цени за пренос, дистрибуција и …

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

Работењето на МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ Скопје, како друштво со ограничена одговорност основана од ,,Макпетрол’’ А.Д., е во согласност со утврдениот курс за остварување на целокупните стратешки цели:

  • Следење на развојот на гасоводната инфраструктура во земјава
  • Поддршка за зголемување на снабдувањето на пазарот со Природен гас
  • Поддршка за зголемување на сигурноста во снабдувањето на пазарот со Природен Гас
  • Негување на добри деловни односи со потрошувачите на природен гас, базирани на доверба, транспарентност и ефикасност
  • Квалитет на комерцијалните услуги
  • Постапување по правата, обврските и одговорностите на МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ Скопје како снабдувач, согласно одредбите од Законот за енергетика, подзаконските акти и правилниците за снабдување со природен гас
  • Корективно и одговорно однесување и целосна посветеност во исполнувањето на договорните обврски
  • Контрола на финансиската стабилност
За нас

Полесен е од воздухот

Мал опсег на запаливост

Природниот гас е безбоен

Природниот гас е без мирис и вкус

физичко-хемиски

карактеристики на природниот гас

Природен гас или Земјен гас е гасовито фосилно гориво. Се јавува самостојно (сув природен гас) или заедно со нафтата во вид на гасни капки над нафтата (влажен природен гас).

Составот на природниот гас варира во зависност од местата на кои се јавува. Таму каде што се јавува заедно со нафтата, вообичаено има поголемо учество на гасови со повеќе јаглеродни атоми (влажен природен гас) и обратно (сув природен гас), каде учеството на метанот е над 85 (mol%).

ПРОМ-ГАС ДООЕЛ Скопје, го изготви следниот:

ПОТСЕТНИК
ЗА ПОТРОШУВАЧИ

Како носител на лиценцата за вршење на енергетска дејност Снабдување со природен гас, а во согласност со член 9 став 1 од Правилата за снабдување со природен гас (Сл. весник на РСМ бр. 51/19), пред склучувањето на Договорот за снабдување, на Потрошувачите им обезбедува примерок од Потсетникот за потрошувачите, усогласени со Законот за енергетика, подзаконските акти и останати прописи усвоени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

Најава